Ал Хајат: Објавено обраќање на Осама Бин Ладен

Делови од аудио снимка на која е снимен гласот на Осама Бин Ладен, се објавени денеска во арапскиот весник Ал Хајат, и во неа муслиманите се повикуваат на нови напади на американските цели во целиот свет. Ал Хајат, тврди дека снимката ја „симнал“ од еден исламски веб сајт, кој е поврзан со Ал Каеда. „На снимката Осама Бин Ладен го повикува исламскиот народ да не се откажува од борбите“ наведува весникот.