Свет: Масовни протести против војната во Ирак

Во повеќе од 500 градови во 75 земји во целиот свет, денеска и утре започнуваат масовни протести против војната во Ирак. Повеќе од 150 илјади демонстранти веќе се собраа во Австралија, и во Нов Зеланд. Најмасовни собирања на демонстрантите се очекуваат во Њујорк пред седиштето на Обединетите Нации, како и во земјите чии влади го подржаа Вашингтон, јавуваат светските агенции. Организатори на протестите се околу 200 организации за мир, на кои ќе учестуваат повеќе истакнати личности и активисти за мир.