Пјонгјанг: Северна Кореа се заканува во случај на напад од САД

Северна Кореа е подготвена доколку биде испровоцирана да ги нападне американските цели во целиот свет, изјави денеска претставникот на министерството за надворешни рабои во Пјонгјанг, Ри Кванг Хјок. ,,Доколку дојде до војна, неизбежно е во неа, да бидат вклучени и корејските соседи,, рече Хјок. Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, соопшти синоќа дека Пјонгјанг го прекршил договорог за неширење на нуклеарнно вооружување.