Виена: Седница на Советот на меѓународната агенција за нуклеарна енергија за Северна Кореа

Советот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија денеска попладне, во седиштето на Обединетите нации во Виена, ќе одржи вонредна седница посветена на Северна Кореја. Се очекува генералниот директор на Агенцијата Мухамед Ел Барадеј, да предложи во разврската на проблемот за нуклеарната програма на Пјонгјанг да се вклучи и Советот за безбедност на Обединетите Нации.