Анкара: НАТО има морална и договорна обврска за одбрана на сојузниците

Турција денеска соопшти дека НАТО има морална но, и со договор предвидена обврска, да започне со воени подготовки за да ги одбрани своите сојузници кои за време на Студената војна беа во првите борбени редови. ,,Турските воени сили се способни и сами да се бранат, но сепак НАТО има обврска кон заедничкиот договор,“ изјави турскиот премиер Абдула Гул.