Багдад: Ирак дозволува прелетување на шпиунски авиони на САД без условување

Ирак без какво било условување ќе дозволи прелетување на американските шпиунски авиони У-2, над ирачка територија за собирање на информативни податоци, што е главно барање на инспекторите на Обединетите Нации, соопшти ирачкиот амбасадор во ОН Мухамед Алдури. Тој најави дека владата во Багдад, подготвува закон со кој на граѓаните ќе им се забрани било каква работа со оружје за масовно уништување.