Подгорица: Претседателските избори во Црна Гора неуспешни

Повторените претседателски избори во Црна Гора, според последните проценки на невладините посматрачки организации, не биле успешни, бидејќи не бил исполнет законскиот услов-одѕивот да биде поголем од пеесет насто од избирачите. Се наведува дека на вчерашните избори излегле 47 проценти од гласачите и оти, како и на претходните-одржани на 22-ри декември лани, убедливо мнозинство освоил кандидатот на владејачката коалиција Филип Вујановиќ. Се проценува дека за него гласале 80 насто од избирачите. Доколку и официјално се потврди дека гласањето не успеало тогаш изборната постапка ќе биде повторена.