Брисел: Белгија ќе го блокира планот на НАТО за заштита на Турција

Белгија ќе го блокира планот на НАТО за заштита на Турција во случај на војна со Ирак, изјави денеска белгискиот министер за надворешни работи Луј Мишел. Франција, Германија и Белгија остро се спротивставуваат на брзото влегување во војна и тврдат дека тринеделните подготовки за одбрана на Турција, би им пречеле на дипломатските напори, конфликот да се спречи.