Москва: Поддршка за француско-германскиот план за Ирак

Москва ќе го подржи француско-германскиот план за спречување на војната против Ирак, доколку тој му биде предложен на Советот за безбедност на Обединетите Нации, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов. Иванов, истакна дека согласно планот кој предвидува зголемување на бројот на инспектори во Ирак, Русија би можела да испрати руски експерти како помош за инспекторите, и ќе обезбеди авиони за извидување.