Бујановац: Пронајдено оружје и воена опрема

Припадници на полицијата и на безбедносно-информативната агенција, во близина на Бујановац, уапсиле повеќе албанци и заплениле поголема количина на оружје и друга воена опрема. Акцијата е преземена по низата терористички напади на југот на Србија, и неодамнешното убиство на еден член на информативната агенција. Меѓу запленетото оружје, биле пронајдени и голем број униформи.