Брисел: Солана загрижен за иницијативата на пратениците на парламентот на Косово

Еврокомесарот Хавиер Солана, му упати писмо на претседателот на косовскиот парламент Неџат Даци, во кое изразува загриженост, за иницијативата преземена од неколку пратеници на косовскиот парламент, за усвојување на декларација за независност на покраината, јавија косовските медиуми. ,,Сеуште не е дојдено времето за одредување на конечниот статус на Косово, стои во писмото на Солана.