Париз: Франција останува на ставот дека не е време НАТО да ја заврсти турската одбрана

Франција денеска остана на ставот дека се уште не е време НАТО да донесе одлука дали да ја зацврсти турската одбрана против можните ирачки напади врз таа земја. На вчерашниот состанок на алијансата генералниот секретар Џорџ Робертсон на Франција, Германија и Белгија им даде рок до идната недела да го преиспитаат својот негативен одговор на турското барање НАТО да ја штити таа земја во случај на војна против Ирак.