Либија: Гадафи нуди да посредува меѓу Буш и Хусеин

Либијскиот претседател Моамер Ел Гадафи денеска се понуди да биде посредник во разговорите меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и ирачкиот лидер Садам Хусеин за решавање на ирачката криза. Претходно, либијскиот претседател изјави дека ,,во случај на војна во Ирак, ќе победи тероризмот,,. ,,Цел свет е против војна, вклучувајќи го и американскиот народ. Соединетите држави прво зборуваа за Бин Ладен, а веднаш потоа за Садам Хусеин. Создавањето нова војна, не е ништо друго туку сокривање на поразот кој го доживеаа во потрагата по Бин Ладен,, истакнува Гадафи.