Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека на Советот за безбедност на Обединетите Нации в среда ќе му презентира докази дека ирачкиот претседател Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување. Пауел во денешен Вол Стрит Журнал оценува дека светот мора да признае оти Хусеин одбива да се разоружа и да соработува со инспекторите за оружје.