Сеул: Јужна Кореа нема потврда дека Северна Кореа започнала репроцесуирање на нуклеарните канали

Јужна Кореа денеска соопшти дека сеуште нема потврда на американските разузнавачки извештаи дека Северна Кореа започнала репроцесуирање на нуклеарните канали во комплексот Јонгбион во нуклеарно оружје. Вашингтон вчера го предупреди Пјонгјанг да не превзема вакви провокативни чекори, а американскиот командант на пацифичките сили адмирал Томас Фарго побара зголемување на стационираните 37 илјади војници во Јужна Кореа.