Багдад: Делегација на евро парламентот ќе го посети Ирак

Делегација од 32 пратеници на Европскиот парламент ќе го посетат во текот на наредната недела Ирак, каде што ќе се сретнат со претставниците на Обединетите Нации во таа земја. Се очекува Европарламентарците во Ирак да остварат средба и со портпаролот на инспекторите за разоружување во Ирак, како и со претставниците на Светската пргорама за храна, светската здравствена организација, и Високиот комесаријат за бегалци.