Будимпешта: Обука за ирачката опозиција

Првата група членови на ирачката опозиција, пристигна во Унгарија, каде во базата Тасар, ќе имаат воена обука како и обука за јавно управување, соопшти претставникот во унгарското министерство за одбрана, Истван Боцкаи. Унгарската новинска ангенција, пренесува дека во базата Тасар ќе пристигнат помалку ирачани отколку што било предвидено.