Брисел: ЕУ ја прифаќа иницијативата на Грција за интеграција на Западен Балкан

Сите партнери на европската Унија, ја подржаа програмата на актуелниот претседавач Грција, за забрзување на процесот за стабилизација и интегрирање на земјите од западен Балкан во Европската Унија. Во расправата на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, е нагласено дека Унијата има ,,клучна,, одговорност на Балканот, по ,,кризата на Блискиот Исток и Ирак,, посебно по ангажирањето на европските безбедносни сили во Босна и Македонија.