Авганистан: 18 талибански борци убиени во судири со американски војници

,,Најмалку 18 борци од талибанските сили, се убиени во текот на ноќта во судирите со американските војници во југоисточниот дел на Авганистан,, соопшти денеска американскта воена команда. Нередите започнале вчера, откако американските и авганистанските војници налетале на група од околу 70 тина талибански борци. ,,Борбите сеуште траат,, соопштуваат од американскиот воен штаб во близина на Кабул.