Њујорк: Извештај на инспекторите во Советот за безбедност

Шефот на тимот инспектори за оружје Ханс Бликс и директорот на Меѓународната Агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеј денеска во Советот за Безбедност ќе поднесат извештај за Ирак. Бликс вчера изјави дека Ирак не ги исполнил сите поставени барања додека Ел Барадеј , според неговиот портпарол ќе изјавел оти не се најдени докази оти Багдад се обидува да развие оружје за масовно уништување. Според американскиот државен секреатр Колин Пауел Вашингтон, планира да објави докази дека Ирак поседува вакво оружје.