Скопје: Пукано врз седиштето на ДУИ

Во два часот и 45 минути по полноќ, непознати напаѓачи со автоматско оружје пукале врз седиштето на Демократската Унија за интеграција во Скопје. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Мирјана Контевска, за Радио Слободна Европа изјави, дека во нападот немало повредени и оти била оштетена само фасадата. Во тек е истрага по сторителите.