Газа: 12 Палестинци загинаа во судири со израелската војска

12 Палестинци загинаа, а 40 се ранети, во судирите со израелската војска, во центарот на Газа. Судирите се случија на само два дена од општите избори во Израел, а според сведоците станува збор за најголем напад од почетокот на Интифадата. „Хамас ќе пролее израелска крв во Јафа и Тел Авив“ е одговорот на претставниците на Хамас, по синоќешниот израелски напад. Израелската војска, јавуваат агенциите, утринава се повлекла од градот Газа.