Газа: Нови судири

Израелски хеликоптери стрелале и уништиле објект во Газа, во кој според израелското радио, се произведувало оружје. Истовремено во бегалскиот камп Рафа влегле израелски тенкови. Според истиот извор, од Газа биле истрелани проектили врз израелскиот град Шерот, но никој не бил повреден. Инаку, во Каиро денеска 12 палестински фракции разговараат разговараат за египетскиот предлог за едногодишен прекин на огнот.