Давос: Продолжува светскиот економски форум

Денеска на Светскиот економски форум во Давос се расправа за влијанието на евентуалната војна против Ирак врз светскиот нафтен пазар. На средбата станува збор и за економските перспективи на Европската Унија, Америка, Азија и Африка. Според Франс прес, тема зад затворени врати е корелацијата меѓу нафтата и конфликтот и што може запад да направи за да ги стабилизира односите со исламскиот свет.