Давос: Почнува Светскиот економски форум

Политичките и бизнис лидери од целиот свет, денеска во Давос го започнуваат годишниот состанок на Светскиот економски форум. На шестдневната конференција ќе се разговара за најважните економски, политички и општествени прашања. Се очекува во рамки на одржувањето на Светскиот економски форум да се обрати и американскиот државен секретар Колин Пауел.