Берлин: Германија нема да поддржи воена интервенција против Ирак

Германија нема да ја поддржи резолуцијата на Обединетите Нации за воена интервенција против Ирак, изјави канцеларот Герхард Шредер. Со оваа изјава Шредер всушност остана на својата определба против напад врз Ирак, став кој минатиот септември и донесе победа на неговата партија на изборите во Германија.