Минск: Посета на Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин престојува во Минск на седницата на Високиот државен совет меѓу Русија и Белорусија. На состанокот една од главните теми е подготовката на уставниот документ на сојузната држава које е создадена пред шест години. Путин лани сугерираше дека двете земји би можело да се обединат под рускиот Устав, но тоа беше одбиено од белорускиот претседател Лукашенко.