Колумбија: Американски војници заштитуваат извори на нафта

Околу 70 американски војници пристигнаа во источната колумбиска провинција Араука со цел да им помогнат на владините сили да ги заштитат главните извори на нафта од нападите на марксистичките бунтовници. Предвидено е американските војници да останат во Колумбија, во регионот богат со нафата на границата со Венецуела, околу 3 месеци.