Загреб: Разговори на премиерите на Хрватска, Словенија, Италија и Унгарија

Премиерите на Италија, Унгарија, Словенија и Хрватска денеска во Загреб разговараат за соработката на нивните земји во одбраната и во мировните операции. Се очекува италијанскиот премиер Силвио Берлускони да ја изрази својата поддршка на напорите на преостаните три држави за влегување во Европската Унија.