Њујорк Тајмс: САД подготвени за напад на Ирак кон средината на февруари

Американската администрација нареди во Персискиот залив да се распоредат уште 27 илјади војници, пишува денешен Њујорк тајмс. Според весникот испраќањето на силите значи дека Соединетите држави би можело да бидат подготвени за напад врз Ирак до средината или крајот на февруари со распоредени 150 илјади војници на теренот.