Вашингтон: Предупредување за изолација до Северна Кореа

Соединетите држави ја предупредија Северна Кореа дека повлекувањето од спогодбата за неразвивање на нуклеарно оружје ќе ја изолира земјата од меѓународната заедница, јавуваат агенциите. Северна Кореа пак се надева дека кризата во врска со производството на нуклеарно оружје во оваа земја ќе се реши со дијалог со Соединетите држави.