Багдад: Продолжува истрагата на инспекторите

Инспекторите за оружје при Обединетите нации денеска продолжуваат со работа на теренот во Ирак во потрага по оружје за масовно уништување. Тие ќе посетат пет места во Централен Ирак вклучувајќи ги и фабриките за производство на медицински материјал и за производство на проектили.