Вашингтон: Критики од Амнести Интернешнл до САД

Амнести интрнешнл бара од Соединетите држави да извршат ревизија на новиот систем за регистрирање на странци, особено на оние со арапско или муслиманско потекло, бидејќи дел од нив завршуваат во затвор или се малтретирани. Оваа меѓународна организација апелира до американските власти да ги почитуваат човековите права и правните норми да ги усогласат со меѓународните стандарди.