Вашингтон: Распоредувањето воени сили во Заливот ќе продолжи

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека распоредувањето на американските сили во Заливот ќе продолжи, но ако Садам Хусеин ја напушти власта ќе може да се избегне војна против Ирак. Тој истакна дека војната не е неизбежна туку само една од опциите за разрешување на ирачкото прашање.