Рим: Папата Јован Павле Втори повика на мир во светот

По повод Денот на Светскиот мир, кој денеска го одбележува Католичката црква, папата Јован Павле Втори ја нагласи важноста на моралните аспекти во меѓународната политика. На традиционаната богослужба, поглаварот на Римокатоличката црква упати порака за мир во светот и повика на прекин на конфликтот на Блискиот Исток.