Хаг: Судот би ја завршил работата до 2010

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте изјави дека судот би требало да ја заврши својата работа до две илјади и десета година. Сепак, според неа, овој рок би можело да биде продолжен доколку до тогаш не бидат уапсени поранешните лидери на босанските срби Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.