Саудиска Арабија: Континуирани совети за Хусеин за одбегнување војна

Властите на Саудиска Арабија соопштија дека континуирано го советуваат ирачкиот лидер Садам Хусеин да направи се за да одбегне војна. Принцот Ал Фасал изјави дека Саудиска Арабија нема да учествува во било каква воена акција против Ирак велејќи дека ваква војна би го дестабилизирала целиот регион.