Њујорк: САД не може да наредат повлекување на инспекторите за оружје

Соединетите држави не можат да наредат повлекување на инспекторите за оружје при Обединетите нации кои се наоѓаат во Ирак во случај на унилатерална воена интервенција на Вашингтон врз таа земја, изјави заеменкот генерален секретар на Обединетите нации, Дана Пала. Според него работата на инспекторите се одвива добро и нема причина Обединетите нации да решат да ги повлечат.