Вашингтон: Северна Кореа да не ги обновува замрзнатите нуклеарни капацитети

Соединетите држави побараа од Северна Кореја да не ги обновува замрзнатите нуклеарни капацитети, оценувајки дека одлуката на Пјонг Јанг за отстранување на опремата на Обединетите Нации за надгледување, е загрижувачка. Северно-корејската новинска агенција јави дека нуклеарните капацитети во земјата ќе бидат рестартирани поради американската одлука да прекине испораката на нафта за Северна Кореја.