Богота: Затворени амбасадите на Британија и Италија

Британската и Италијанската амбасада, како и Американскиот конзулат во Богота се затворени, поради, како што се вели, специфични закани до повеќе дипломатски претставништва во главниот град на Колумбија. Не е прецизирано дали заканите се поврзани со меѓународниот тероризам или со колумбиската граѓанска војна.