Скопје: ВРМО-ДПМНЕ го замрзнува спроведувањето на рамковниот договор

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција информира дека го замрзнува спроведувањето на рамковниот договор и сериозно размислува да го повлече потписот од овој документ. Согласно нивните оценки за тортура на тоталитарниот режим на, како што рече потпретседателот Марјан Ѓорчев, балистичко-комунистичката власт во Македонија, Централниот комитет на партијата реши лидерот Љупчо Георгиевски да не учествува на лидерската средба на 26 декември во Охрид.