БЕРЛИН: Откажани летови на аеродромите во Германија

Поради зголемениот број на штрајкови во Германија утрово само на аеродромот во Франкфурт се откажани околу 160 летови. Вработените во услужните дејности ја прекинаа работата не само на аеродромот во Франкфурт, туку и во Минхен и Дизелдорф. Тие бараат зголемување на платите за најмалку од три проценти.