БЕЛГРАД: Делегација на Советот за безбедност на разговори со Свилановиќ

Делегација на Советот за безбедност денеска е во Белград каде ќе разговара со југословенскиот министер за надворешни работи Горан Свилановиќ. Тема на разговори состојбата на Косово. Југословенскиот претседател Воислав Коштуница кој вчера се сретна со делегацијата смета дека враќањето на раселените лица во Косово е неопходно за да може ситуацијата во провинцијата да се нормализира.