Белград: Посета на делегација на советот за безбедност на ОН

Делегација на Советот за безбедност при Обединетите нации денеска е во посета на Белград каде ќе се сретне со југословенскиот претседател Воислав Коштуница, српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ и со шефот на координативниот центар за Косово Небојша Човиќ. Целта на посетата е делегацијата да се запознае со ситуацијата на Косово со кое управува мисија на Обедениетите Нации.