Ерусалим: Израел му забрани на Арафат за божик да оди во Витлеем

Израел му забрани на палестинскиот лидер Јасер Арафат да оди во Витлеем, местото на Христовото раѓање за време на божик. Како што е соопштено, израелската војска веројатно ќе остане во Витлеем во текот на празникот. Израелските трупи влегоа во Витлеем по самоубиствениот напад на Палестинец во кој загинаа 11 лица.