Средба на Бранко Црвенковски со Фатос Нано

Во албанскиот град Корча денеска се сретнаа премиерите на Македонија и на Албанија Бранко Црвенковски и Фатос Нано. Тема на разговорите е унапредувањето на билатералната соработка меѓу овие две соседни земји, а ќе стане збор и за НАТО иницијативата за заеднички македонско-албански патроли долж граничната линија. Црвековски и Нано ќе разговараат и за заедничкиот настап на Македонија и Албанија за зачленување во ЕУ и НАТО, а ќе стане збор и за коридорот 8. Инаку, во тек е билатералната средба меѓу двајцата премиери, по што предвидено е Црвенковски да се средне и со жителите од граничните села каде шретежно живеат Македонци.

Двајцата премиери потоа се враќаат во Македонија, каде е предвиден работен ручек и прес-конференција на Нано и Црвенковски.