Вашингтон: Загриженост поради информациите дека Иран гради нуклеарни постројки

Официјален Вашингтон изрази голема загриженост поради информациите дека Иран гради нуклеарни постројки кои би можело да послужат за производство на нуклерано оружје. Техеран ги отфрли наводите дека на две места тајно гради такви постројки и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија да изврши инспекција во земјата.