Вашингтон: Јемен нема да ги дава проектилите на трети земји

Портпаролот на Белата куќа Ари Флечер изјави дека властите на Јемен ветиле дека скад ракетите земени од Северна кореја нема да ги даваат на трети земји. Изјавата следи откако американските власти се согласија да го ослободат бродот на која имаше 15 северно корејски проектили наменети за Јемен.