Вашингтон: Вакцината за сипаници достапна за сите

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека планира вакцината против сипаници да ја направи достапна за сите Американци со цел да се заштитат граѓаните. Претставници на американските власти велат дека во план е прво да се вакцинира воениот персонал, бидејќи оваа болест преовладува кај непријателските земји на Соединетите држави.