Багдад: Продолжува работата на инспекторите за оружје

Инспекторите за оружје на Обединетите нации денеска ја продолжуваат работата на теренот во потрага по оружје за масовно уништување. Доцна синоќа во Ирак пристигнаа уште 20 инспектори со што вкупниот број на инспектори е седумдесет.